Почнува комисиската расправа за Законот за употреба на јазиците

0
194

Собраниската комисија за европски прашања денеска ја почнува расправата за Законот за употреба јазиците. Законот, кој предвидува проширена употреба на албанскиот јазик, е „со европско знаменце“, што значи дека ќе се носи по скратена постапка.

Станува збор за еден од клучните закони на владејачката коалиција, чие донесување беше дел од преговорите меѓу СДСМ и коалиционите партнери од албанскиот блок.

Инаку, за денеска на е закажана пленарна седница, а пред матичните комисии, како што е најавено треба да се најдат законот за издавање на ваучери за студенти за набавка на компјутери, предложен од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и законот за укинување на радиодифузната такса на предлог на пратениците на СДСМ. Двата закони се во скратена постапка.

Вчера почна расправата во Собранието за распишувањето оглас за именување на нов државне јавен обвинител. Расправата по оваа точка помина во говори на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои го обвинија владејачкото мнозинство дека незаконски, спротивно на членот 8-а од Изборниот законик, сака да го протурка именувањето на новиот државен јавен обвинител.

Без коментари