Почнува новата академска година за студентите

0
195

Академската година 2015/16 започнува денес (15.09) на сите државни универзитети во земјава. Денес ќе се одржи и првиот академски час на речиси сите факултети во земјава.

Првиот академски час на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола ќе се одржи во 12.00 часот на Техничкиот факултет во Битола. На овој час ќе се обратат ректорор, проф. д-р Златко Жоглев и новоизбраниот ректор, проф. д-р Сашо Коруновски.

Првиот академски час за 2.700-те нови студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе се одржи во 11.30 часот во Мултимедијалниот центар на Економскиот факултет, каде ќе се обрати ректорот, проф. д-р Блажо Боев.

Првите академски часови на факултетите на УКИМ ќе се одржат во различни термини. Со исклучок на Православниот богословски факултет и Стоматолошкиот факултет, кои првите часови ги имаа на 13.09 и 14.09, соодветно, факултетите при УКИМ првиот час ќе го одржат денес.