Почнува самитот во Вашингтон за заканите и од нуклеарен тероризам

0
274

Денеска во Вашингтон почнува самитот за нуклеарната безбедност на кој првпат ќе има посебна сесија за спречување на терористичките групи да дојдат до нуклеарен материјал. Претставници на над 50 земји ќе разговараат за нуклеарните закани и за начините да се намалат и спречат.

„Во центарот на вниманието ќе биде пошироката закана. Меѓутоа, можноста Исламската држава да дојде до некаков нуклеарен материјал мора да се избегне, и ова секако ќе биде тема на разговор“, најави портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.

Светските лидери стравуваат дека терористите потешко на Запад, но во земји како Пакистан би можеле да дојдат до нуклеарен материјал. Стравувања постојат и поради севернокорејските нуклеарни закани.

Русија не учестува на самитот, сметајќи дека ваквите самити веќе си ја одгирале својата улога. САД сметаат дека со ваквиот став Русија се самоизолира.

Без коментари

LEAVE A REPLY