Почнува трката по студенско легло

0
2429

Започнува трката за студентите по студенско легло во студенските домови во државата. Министерството за образование го објави конкурсот за сместување за претстојната студиска 2016/2017 година. Во битолскиот Студентски дом ќе можат да престојуваат 385 студенти. Конкурост е веќе објавен и аплицирањето може да се направи на веб страната на министерството за образование и наука www.smestuvanje.mon.gov.mk каде ги има и потребните документи. Студентот треба да ги симне, да ги пополни со точни податоци да ги завери во надлежните институции и да ги достави во архивата на домот „Кочо Рацин“ во Битола .

studenski 2
-Од вкупниот капацитет, 40% се наменети за студентите од социјално ранливите категории, а целиот трошок го покрива државата; 25% се за студентите кои постигнале високи успеси за кои повторно целиот трошок го покрива државата. За останатите студенти износот што треба да се плаќа е 3.450 денари, изјави Снежана Пажик директор на Студенски дом „ Кочо Рацин“-Битола.
Капацитетот во домот секоја година се исполнува во целост, така се очекува и годинава. Направени биле дополнителни реконструкции за подобрување на животниот стандард на студентите

studenski dom 3

– Извршени се сите поправки по собите, собите во Домот повеќе од 80 % се бојадисни, извршена е дезинсекција, дезинфекција и дератизација. Во најава е и опременување на домот со машини за перење на студентите како и набавка на нов мебел, но во која фаза ќе влезе студенскиот дом од Битола немаме информација. Новина годинава е тоа што на студентите им се ставени на располагање 500 книги, стручна литература, преводи од странски автори. Овие книги ги донираше Владата на Р.Македонија , додаде Пажик

Постарите студенти ќе можат да аплицираат од 18 јули до 12 ти август а бруцошите од 20 до 28 август.