Почнуваат Рамазанските пости

0
904

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска, денеска, по повод почетокот на постите за Рамазан, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија.

– Дозволете ми Вам лично и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија, да Ви упатам честитки по повод почетокот на најсветиот месец кај муслиманите, Рамазан, посакувајќи деновите на овој свет месец да ги поминете во мир и благосостојба во Вашите семејства и домови. Нека овој празник биде поттик за зачувување на универзалните вредности на месецот Рамазан, и во тој дух на најголема светост и духовно прочистување, да се посветиме на меѓусебното помагање и почитување како возвишени вредности кои придонесуваат за нашата заедничка светла иднина, се вели во честитката.