Под лупа на засилен мониторинг се најдоа и стоматолошки ординации и фотостудија, не само кафетерии

0
696

Пред крајот на јуни УЈП почна со контроли кај даночните обврзници, информираше директорката Лукаревска која рече дека засилениот мониторинг врз плаќачите и неплаќачите на данок не почнал од кафетериите на кои управата пред два дена им стави клуч на врата.

Лукаревска рече и дека контроли се правеле седум дена на угостителски објекти за време на одржувањето на Суперкупот во Скопје, неколку пати биле на манифестацијата Пивофест, а контролирани биле и стоматолошки оридинации, и фотостудија.

Директорката демантира дека се правела некаква селекција при контролите и пред јавноста транспарентно тврди дека од 1447 контроли за фискализација кои ги направиле некои објекти се посетувани три до четири пати во еден или два дена.

Утврдени како што рече Лукаревска биле 97 неправилности а сите угостителски објекти потенцираше дека се исти пред даночните инспектори.

Контролите ќе продолжат со континуитет каков што ќе утврди Генералниот даночен инспекторат и анализите кои што ќе ги направат, но во целата акција биле извршени контроли ширум државата.

Во однос на „даночната шема“ која УЈП ја обелодени претходната недела, директорката обелодени дека истрагата може да се прошири и дека во истата има компании од повеќе сектори како градежниот, медиумскиот и фармацевтскиот.

Без коментари