Под мразот на Антарктикот се наѕира цивилизација

0
661

Калифорниска телевизиска екипа која се води за исчезната во 2002 година зад себе оставила снимка која сведочи дека под мразот на Антарктикот постојат древни рушевини кои сведочат за постоење на древна цивилизација која некогаш живеела на овој простор. Освен оваа екипа, мисија спровела и Морнарицата на САД, тврди археологот и авантурист Џонатан Греј од World Education Research Ltd во најновите археолошки вести.

Портпаролот на компанијата своевремено рекол дека „Владата на САД рекла дека ќе го спречи емитувањето на снимката што ја пронашле членовите на Морнарицата на САД, а која открива масовно археолошко наоѓалиште 3200 метри под површината на мразот“.

– Екипата на Атлантис ТВ, која ја направи снимката, сѐ уште се води како исчезната, наведува Греј.

Адвокатите на екипата своевремено велеа дека на компанијата ѝ е најважна безбедноста на екипата, но дека ќе се спротивстават на сите обиди да се цензурира материјалот кој очигледно ја интересира јавноста.

– Ледениот континент не ѝ припаѓа на ниту една нација, истакнуваат тие. „САД немаат јурисдикција на тој простор“.

– Снимката е во сопственсот на Атлантис ТВ, ние ја направивме, што значи наша е, а кога ќе ни ја вратат, планираме да ја објавиме, децидни се од калифорниската телвизија.

 

http://republika.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY