Под закана со нож му одзеле 1200 денари и мобилен телефон

0
887

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.У. (46) и П.Т. (21), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. Пријавените на 04.01.2016 година, во 02.20 часот извршиле разбојништво над Р.С. на кого со закана со нож му одзеле 1.200 денари и мобилен телефон. Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Без коментари

LEAVE A REPLY