Подадете си рака заради вас, но и заради Европа

0
366

Амбасадорот Тимоние во Битола изјави дека во Македонија, двете главни политички сили кои на некој начин се спротивставуваат можат да си пружат рака едни на други во име на националниот интерес, вели францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

„Тоа да го сторат е и од европски интерес. Имаме потреба од стабилна Македонија и тоа треба да го направите за Европа. Не си го поставувајте секогаш прашањето што Европа може да стори за вас, туку што вие можете да сторите за неа“, рече Тимоние. Тој додаде дека со оглед на моменталната политичка криза, драматична грешка би била ако се одложат изборите.

„Треба да се надеваме дека изборите ќе се одржат во добри услови. Одете и гласајте. Бидете граѓани и патриоти, бидете европски патриоти. Еднаш кога тие избори ќе бидат признати, ќе треба да се најде функционална влада која ќе ја преземе агендата на реформите“, рече Тимоние.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY