Подари книга доби Велигденско јајце

0
795

Oној што подари книга за возврат доби црвено Велигденско јајце. Помалите ученици од ОУ Коле Канински од Поешево најкреативни. На работилница заедно со своите учители ги вапсаа и ги исшараа своите јајца кои ги подарија на поголемите соученици

-Заедно со своите наставници на работилница ова јајце го направивме со кромит и го завиткавме потоа во крпче, и кога се исуши го доби ваквиот лик, изјави Николче Дучевски, ученик во ОУ Коле Канински во Поешево

-Моите јајца ги шарав со фломастери и со лак за нокти, рече Тамара Петковска ученик во ОУ Коле Канински во Поешево

За возрат од страна на поголемите сооученици им беше даде книга со која ја испратија пораката дека од најмала возраст треба да читаат и да се описменуваат

-Ние учениците од 7 одделение им подаривме книги на сите оние што ни дадоа јајца. Треба децата од најмала возраст да читаат книги, изјави Филимена Најдовска ученик во ОУ Коле Канински во Поешево

Оваа традиционална манифестација овозможува обединување на образованието ,културата, уметноста, традицијата и религијата, и секако збогатување на библиотечниот фонд.Само за изминатите две години преку манифрстацијата Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение“биле собрани над 150 книги

-Сметаме дека е корисна оваа манифестација бидејќи од една страна се учи традицијата а од друга страна книгата е доста важен извор во животот на секој човек од најмала до најголема возраст и децата треба да ја користат книгата, да си разменуваат меѓу себе книги, да споделуваат искуства а од друга страна се збогатува библиотечниот фонд, изјави Лидија Павловска директор на ОУ Коле Канински.

Ново отворената биоблиотека во ОУ Коле Канински од Здружението Дата Песнопој годинава доби 50 наслови на книги

-Ние како Дата Песнопој ги поддржуваме ваквите акции, само за ова ново отворено училиште дониравме 50 наслови на книги, изјави Илија Мерковски, Дата Песнопој и наставник по македонски јазик во ОУ Коле Канински во Поешево

Акцијата „Подари книга за возврат доби црвено Велигденско јајце“ е во организација на ОУ Коле Канински, со поддршка на ТВ ТЕРА и Лајонсите.