Подароци и солзи на роденденот на Владиката Петар

0
2897

На 29.05.2016 г., во Неделата на Самарјанката, а по повод 70 годишниот јубилеј од роденденот на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, и 35 годишниот јубилеј од неговата Епископска хиротонија, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар и Епископот Хераклејски г. Климент, отслужи Божествена Литургија во храмот Свети Димитриј во Битола.

IMG_2033

Во Литургијата зедоа учество и протоерејот-ставрофор, професор емеритус на Православниот Богословски Факултет, о. Јован Таковски, архиерејскиот заменик, протоереј-ставрофор о. Никола Грамбозов, архиерејските намесници на градовите Битола, Прилеп и Ресен, протоереите Оливер Иваноски, Благоја Станкоски и Љупчо Атанасов, како и голем број свештеници и ѓакони од епархијата и пошироко.

IMG_2297

На прославата беа присутни и неговата Екселенција, советник-министерот во Руската Амбасада во Македонија, г-нот Константин Берсењев, Деканот на Православниот Богословски Факултет, д-р. Ѓоко Ѓорѓевски, Продеканот на Богословскиот Факултет г-нот Петко Златески, и мноштво верен народ.

IMG_2349

Истото така и градионачалници од општини од овој регион присуствуваат во соборниот храм во Битола.

IMG_2352

IMG_2123