Поддршка на Владата за економски развој на Македонија

0
442

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик премиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, вчера се сретна со Цирил Милер, потпретседател на Светска банка, Вашигтон, придружуван од регионалната директорка за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер и директорот на Светска банка за Македонија, Марко Мантованели.

Високите претставници на Светска банка изразија поддршка на новата Влада на Македонија. Оценето е дека завршувањето на политичката криза и реформските политики на Владата отвораат нови можости и перспективи за Македонија. Поради ова, Светска банка изрази подготвеност да помогне на Владата во заложбите за нови работни места, добра бизнис клима, инвестиции. На средбата се разговарало и за поддршка на Светска банка преку системот за менаџирање на јавни финансии и компетитивност на економијата.

Премиерот Заев соопшти дека врвен приоритет на Владата е да обезбеди стабилност на економијата и развој.

“Владата е силно посветена сите граѓани да почувствуваат бенефит од економскиот развој. Целта ни е добар животен стандард за сите. Затоа Владата ќе ја зголеми поддршката за домашните претпријатија, а создаваме услови и за реални странски инвестиции”, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, најави покачување на минималната плата од септември и фер даночен систем, за да се намалат социјалните разлики во државата. А за стабилна бизнис клима, премиерот соопшти дека се планирани реформи со цел да се обезбедат независно судство и продесионални институции.

На средбата, претставниците на Светска банка ја поздравија определеноста на премиерот Заев и на Владата за поддршка на регионалниот развој како важен услов за економскиот развој на Македонија и на државите.

www.mkd.mk

Без коментари