Поддршка за Јадранско-Јонскиот гасовод

0
163

Министрите за надворешни работи и за економија на Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина и Албанија потпишаа заедничка изјава за Јадранско-Јонскиот гасовод.

Со ова е потврдена силната поддршка за примената на овој проект кој е од исклучително значење за државите од регионот, Јужна и Централна Европа, пренесоа црногорските медиуми.

На состанокот, кој во петокот се одржа во Будва, беше подвелечно дека проектот е од исклучително значење, како за енергетската сигурност, така и во поглед на диверсификација на изворите.

Со заедничката изјава министрите се согласија дека сите држави потписнички ќе поддржат и охрабрат меѓудржавни комитети и потпишување на меморандум за разбирање во најкраток можен период со цел воспоставување на постојано оперативно тело кое ќе координира со сите идни административно-техничи активности. /крај/

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax