„Поддршка за СЈО!“ Граѓани протестираат против одлуката на Иванов

0
540

Група од околу 400 граѓани се собраа пред Специјалното јавно обвинителство за да му дадат поддршка на СЈО по денешната изјава на претседателот Ѓорге Иванов .

Во еден момент пред СЈО излегоа специјалните обвинителки Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска што предизвика бура од овации. „Поддршка за СЈО, Поддршка за СЈО!“ викаа насобраните.

Групата демонстранти се упати кон Рекорд кон канцеларијата на Иванов која ја гаѓаја со јајца.

Граѓаните скандираат „Нема правда, нема мир“ и „Мафија во робија“, додека Народната канцеларија на Иванов е под силно полициско обезбедување. Протестот станува се помасовен, но е мирен.

Претседателот Ѓорѓе Иванов на прес-конференција во вилата „Водно” откри дека донел општ акт за прекинување на сите кривични постапки што се водат против политичарите во Република Македонија, и од власта и од опозицијата