Поддржуваме заеднички прифатливо име со географска одредница за севкупна употреба

0
325

Грција не отстапува од ставот дека за решавање на спорот за името со Македонија прифатливо е сложено име со географска одредница за севкупна употреба.

Ова го потврди и грчкиот премиер Алексис Ципрас доцна синоќа во обраќањето на Генералното собрание на ОН. Тој, според грчките медиуми, говорел и за подобрување на односите со земјава, осврнувајќи се на мерките за градење доверба.

„Што се однесува до прашањето за името на бившата југословенска Република Македонија ние и натаму поддржуваме изнаоѓање заеднички прифатливо сложено име со географска одредница за севкупна употреба-ерга омнес. Поттикнавме мерки за градење доверба, чија цел е зајакнување на довербата и на прекуграничната соработка, рече Ципрас.

Прашањето за името и грчките ставови биле една од темите и на средбата на Нимиц со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, на која присуствувал и посредникот Метју Нимиц.

Грчките медиуми пренесуваат дека генералниот секретар на ОН рекол дека „особено позитивни“ ги смета мерките за градење доверба меѓу двете земји, а Ципрас го повторил ставот за сложено име со географска одредница за севкупна употреба, додавајќи дека Атина работи на изнаоѓање такво решение.