Поделени и на роденденот на градот

0
706
SONY DSC

Општина Битола денеска го слави празникот на градот 4-ти Ноември востановен во чест на денот на ослободувањето во далечната 1944 година од кога се навршуваат 72години слободарска Битола.Цвеќе на споменикот пред Центарот за култура положија од локалната власт, политички партии и други чинители на општественото живеење
-Ја користам оваа можност да го честитам 4 ноември – Денот на ослободувањето на Битола – ден кој што е запишан со златни букви во историјата на нашиот град, ден кој ќе се памети со генерации, а всушност е последица на многу други генерации претходно. Сите ја знаеме големата историска приказна, но пред се, денеска сме должни да дадеме почит на сите жртви, на сите млади животи, чие делување е темел на она она што денес го имаме – на независна, суверена Република Македонија. Во таа смисла, општина Битола ја дава должната почит кон сето она што значи историја, што значи ден кој мора да потсетува и да опоменува на едни тешки периоди низ кој што минувал нашиот македонски народ и се разбира, да биде поука за сите наши денешни генерации. Денеска е ден кој што го славиме. Нека ни е честит празникот, за многу години, со надеж дека ќе бидеме обединети на сите празници кои што значат заедничка придобивка на сите наши граѓани“, рече градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.

petok-still007

-Им го честитам на сите граѓани на Битола денот на ослободувањето на градот, изјави Александар Трајковски ,Сојуз на Борци

И опозициската СДСМ им го честита на битолчани 4 ти ноември ослободувањето на градот

petok-still008

-Најпрво би сакале да ви го честитаме празникот 4-ти Ноември, денот на ослободувањето на Битола. На денешен оддаваме длабока почит кон сите жртви во минатото кои се избориле за оваа слобода во која ние денес живееме. Меѓутоа не смееме како генерација која што ја живее денешницата да не се обврзиме дека на оваа држава и треба поинаква слобода којашто беше нарушена во изминатиов период, а којашто треба да ја извојуваме на 11-ти Декември на изборите, изјави Наташа Петровска СДСМ

Цвеќе положија и делегации од збратимените градови на Битола, францускиот град Епинал и српска делегација од општина Стари град

Претставници од сојузот на борци денеска претпладне требаше да одржат средба со градоначалникот Талески но на истата не отишле поради како што рекоа, подршката која им ја даваат на Шарената револуција

-Општинскиот Сојуз на Борци учествува во Шарената револуција со свои плакати кажувајќи дека ја поддржуваме Шарената револуција. Бидејќи учествувавме и ние во неа, сметаме дека е контрапродуктивно да одиме на средба во градоначалничкиот кабинет, а со градоначалникот имаме добри односи за цел овај временски период.Сега гледано од овај аспект, затоа не отидовме , изјави Александар Трајковски, Сојуз на Борци-Битола

И опозициската СДСМ најви дека вечерва нема да присуствува на свеченото доделување на наградите 4 ти ноемви
-Воедно би сакала во оваа прилика да и оддадам длабока почит на госпоѓата Милица Шперовиќ-Рибарски, којашто е добитник на наградата животно дело и неспорно има дадено сериозен придонес за нашиот град. Токму затоа позтивно се изјаснивме за нејзината кандидатура. Она што за нас е спорно е присуството на одредени личности на денешното свечено доделување. Тоа се Владимир Талески, осомничена личност за кривично дело, како и Ѓорге Иванов кој што се дрзна во изминатиот период да го помилува. За нас тоа се личности кои немаат кредибилитет да бидат дел од ваков свечен настан како овај што е вечерва. Токму затоа, како советници нема да присуствуваме на свеченото доделување, додаде Петровска

Свеченото доделување на 4-то ноемвриските награди ќе се одржи вечерва во Центарот за култура.

Без коментари

LEAVE A REPLY