Подготвени сме за судење за првите обвиненија

0
376

Во рок од 8 дена, Кривичниот суд е должен да закаже судење за првите две обвиненија кои по скратена постапка ги поднесе Специјалното јавно обвинителство. Обвинителката Катица Јанева вели дека  е подготвена за судење.

-Тие се поднесени со скратена постапка, рокот на закажување е 8 дена, судот може тоа веднаш да го закаже, а ние сме подготвени за судење, рече Јанева.

СЈО вчера ги поднесе првите две обвиненија, точно на годишнината од нивното формирање.

Првото обвинение e за  уништување на докази за прислушувањето, за кое СЈО товари 7 лица, а второто обвинение, се однесува на нарачаното насилство врз градоначалникот на општина Центар за време на седница на општинскиот Совет, кога се случи протест пред Општината. За кривичното длео насилство СЈО товари 14 лица.

Двете обвиненија ќе се поднесат по скратена постапка, a oд СЈО велат дека очекуваат осудителни пресуди.

Без коментари

LEAVE A REPLY