Подмосковска музичка вечер во Битола

0
428

Првиот концерт на камерниот оркестар на Битола, за оваа година, ќе се одржи во понеделник на 4 ти април а е под наслов Подмосковските вечери.

На концертот на руските композиции и арии, диригент ќе биде маестро Алесандро Д Агостини.

На програмата ќе бидат изведени дела од Чајковски, Бородин, Мусогорски, Шостакович, Прокофјев, руски романси.

Д Агостини за прв пат дојде во Македонија во 2001 година во МОБ. и одлично го зборува македонскиот јазик.

За истиот вели-кога се сака еден јазик лесно се учи.

Солисти на концертот ќе бидат Наде Талевска Спасовска, Марјан Николовски и Драган Микаровски. После овој концерт до крајот на 2016, камерниот оркестар на Битола ќе одржи уште 3 концерти.

Концертот посветен на руските композитори и арии, ќе се одржи во понеделник на 4-ти април, со почеток од 20 часот, во големата сала на ЦК. Битола.