Поднесени 24 приговори за сумирање на изборните резултати

0
198

Заврши  рокот за поднесување пријави до Државната изборна комисија за сумирање на резултатите од изборите. До истекот беа  поднесени се 24 пријави за сумирање на резултатите од изборите, потврди Државната изборна комисија.

Според информациите, две пријави поднела партијата ТМРО, една Алијансата на Албанците и 22 пријави ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, од кои, дел се за сумирање на резултатите, а дел за постапката за гласање. До ДИК поднесени се и 59 приговори од граѓани за заштита на избирачкото право.