Поднесени 27 тужби до Управен суд за одбиените приговори од ДИК

0
296

Рокот за поднесување жалби од партиите против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори што се одржаа на 15 октомври истече денеска во 11 часот. Управниот суд по ова има рок од 48 часа да донесе одлуки на поднесените жалби.

Вкупно 27 тужби се поднесени до Управниот суд ноќеска од партиите против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори што се одржаа во неделата, информираат од судот за МИА.