Подобро да се спречи отколку да се лечи

0
776

Изработка на режими за слабеење, изработка на режими за специфични здравствени проблеми, изработка на режими за спортисти и квантна резонантна магнетна анализа се дел од услугите кои што ги нуди ВТ Диет клубот од Битола. Она што повеќето од нас не интересира е што претставува квантната резонантна магнетна анализа и какви информации можеме да добиеме за нашето здравје.

-Квантната резонантна магнетна анализа претставува совршено достигнување на квантната физика за анализа на здравствената состојба на човекот. Со квантната резонантна магнетна анализа се дијагностицираат сите промени на електромагнетното поле и на електромагнетните бранови кои ги емитираат клетките, како и прекинот на информации на клеточно ниво.Со квантната магнетна резонантна магнетна анализа за 1 минута може да се добијат информации за целокупната здравствена состојба, за сите органи и органски системи: кардиоваскуларна и цереброваскуларна функција, функција на бубрезите, информации за црниот дроб, жолчната ќеса, простатата, желудникот, тенкото црево, дебелото црево, состојбата на крвта, болести на коските, дефицит на витамини, минерали, коензими итн. Квантната резонантна магнетна анализа е особено погодна за анализа и споредба на т.н. субздравствени состојби (латентни состојби), изјави Влатко Таневски нутриционист

Овај апарат е уникатен, вели Таневски и додава дека станува ззбор за најсовремена руска технологија. За ракување со оваа апаратура стручното лице треба да поседува сертификат

-За да може да се ракува со оргинална руска апаратура потребно е да се завршат соодветни обуки. На 17.11.2015 год. јас во Белград завршив меѓународна обука реализирана од врвни руски експерти за употреба и ракување со ваквата апаратура. Со завршувањето на таа обука, јас се стекнав со соодветени сертификати и со звање сертифициран технолог за квантна резонантна магнетна анализа, додаде Таневски

Тука повеќето од нас ќе си го постават прашањето дали квантната резонантна магнетна анализа може да ја замени професионлната лекарска дијагностика?

– ВТ диет клубот не е непријател и конкуренција на лекарите. Напротив, секогаш кога со апаратурата за квантна резонантна магнетна анализа ќе утврдиме некои промени кои што укажуваат на можен здравствен проблем, клиентите ги советуваме да се консултираат со лекар. На пример, ако утврдиме промени кои што укажуваат на бенигна хиперплазија на простата, секогаш ги советуваме нашите клиенти да направат превентивен преглед на уролог или да направат ехосонографија на абдомен. Исто така, клиентите добиваат совети од типот да внесуваат намирници богати со цинк, кога станува збор за патологијата која претходно ја спомнавме и сл, рече Таневски

ВТ диет клубот е прв диет клуб во Битола и прв интернет диет клуб во Македонија

Без коментари

LEAVE A REPLY