Подобрување на водоснабдителниот систем во с.Наколец

0
337
Во с. Наколец во Општина Ресен беше доставена опремата која е потребна за реализација на Проектот за Подобрување на водоснабдувањето на ова долнопреспанско село.Се работи за три и пол километри црева со кои треба да се замени главниот цевковод, приклучни елементи и неколку хидранти за регулација на воздушниот притисок.
 vodovodni cefki
Оваа опрема на преставниците на месната заедница им ја предаде Градоначалникот на Општина Ресен м-р Ѓоко Стрезовски во име на Општина Ресен и УНДП кои ја спроведуваат Програма за реализација на мали инфраструктурни грантови наменети за месните заедници кои преку јавен повик учествуваа со апликации за реализација на проекти.
Во оваа прилика Градоначалникот Стрезовски истакна дека целта на овој проект кој ќе го реализира Општината, УНДП и Месната заедница е подобрување на водоснабдувањето за околу 140 домаќинства во Наколец преку намалување на загубите во водоводната мрежа , подобрување на квалитетот на водата за пиење како и  придонес кон оптимално одржливо управување со водените ресурси во сливот на Преспанското езеро, при што за овој проект се издвоени околу 1 милион денари преку големиот проект за Заштита на Преспанското Езеро.
Претседатолот на МЗ Наколец Гзим Сулејмани пак искажувајќи благодарност кон институциите кои помогнаа во набавка на оваа опрема ја потенцира и подготвеноста на Месната заедница да преку сопствени стредства се вклучи во реализација на овој проект со обезбедување на ископ и поставување на добиената опрема , со што селото во скоро време ќе може да добие реконструиран водоснабдителен систем со кој и во иднина ќе управува Месната заедница на с. Наколец.
Инаку овој проект е дел од Програмата за мали инфраструктурни грантови кои Општина Ресен заедно со УНДП ги спроведува преку проектот за Заштита на Преспанското Езеро и опфаќа 11 проекти  со вредност од околу 220 000 долари наменети за месни и урбани заедници кои преку помали инфраструктурни проекти треба да допринесат за намалување на заканите со кои се соочува  Преспанското Езеро.
https://youtu.be/y27xL9zgxtY?t=1

Без коментари

LEAVE A REPLY