Подвиг и со 10 фудбалери на Работнички против Рубин

0
556

Фудбалерите на Работнички одиграа нерешено 1:1 (0:0) против Рубин Казан во првиот плејоф натпревар за пласман во Лига Европа. Двата тима на „Филип Втори“ одиграа динамичен меч со многу темпо, а крајниот резултат во целост ги отсликува настаните на теренот. Карадениз погоди за Рубин во 68 минута, а Работнички израмни преку Ристевски во 84 минута. Успехот на Работнички е уште поголем бидејќи од 54 минута играше со играч помалку поради исклучувањето на Петковиќ. Реванш натпреварот во Казањ ќе се одигра наредниот четврток.