Поешево и Пелистер ги добија Куп противниците

0
284

Пелистер и Поешево добија прифатливи противници во првото коло од Купот на Македонија. И покрај испаѓањето од најсилниот ранг на натперварување, Пелистер беше носител и ќе игра со 11 Октомври за пласман во осминафиналето. Се игра само еден натпревар на стадионот „Гоце Делчев„ во Прилеп, а ако нема победник во 90 минути, веднаш се пристапува кон изведување на пенали. Третолигашот Поешево на бившите репрезентативци Тони Мицевски и Горан Ставревски, го дочекува Гостивар и „кова„ стратегија како да се прескокне првата рунда.

 

Куп на Македонија – 1 коло

 

Поешево – Гостивар

11 Октомври – Пелистер

Кожув – Вардар

Фортуна – Работнички

Зајас – Шкендија

Еуромилк ГЛ – Ренова

Вулкан – Македонија ЃП

Превалец – Силекс

Лирија – Хоризонт Турново

Беласица – Скопје

Љубанци – Тетекс

Победа – Младост ЦД

Плачковица – Брегалница

Дрита – Влазрими

Малеш – Металург

Љуботен – Шкупи

 

Натпреварите се играат на 12 август од 17:30 часот