Поети од целиот свет учесници на манифестацијата Поезија на пат

0
602

Поети од Индија, Израел, Франција,Турција и САД гостуваа во Битола на манифестацијата „Поезија на пат“ .

Поетите Суџата Бхат од Индија, Сигал Бен Јаир од Израел, Линда Марија Барош од Франција, Метин Челал од Турција и Јусеф Комунјака од САД учествуваа на манифестацијата во организација на Центарот за култура-Битола.

Манифестацијата „Поезија на пат“ ја реализираме во соработка со меѓународниот фестивал „Струшки вечери на поезијата“, институција која ни овозможи во Битола да гостуваат големи и светки познати поетски имиња, добитници на значајни интернационални награди, истакна Борче Димтровски, директор на Центарот за култура-Битола.

Тој информира дека Комунјака е еден од петте најголеми поети во САД и добитник на Пулицерова награда.

За поетите од Индија, Израел, Франција, Турција и САД беше организирана целодневна програма.

Тие имаа средби со деца од Бистрица, го посетија Американското катче, Музејот во Битола, а во вечерните часови настапија на летната сцена на Тумбе Кафе.