Поевтин роаминг во Србија, БиХ и Црна Гора

0
159

Веќе од вчера цените се намалени за трите сервиси кои ги користиме кога патуваме, за говор кога зборуваме на мобилен, за праќање кратки пораки и за користење интернет, посочи директорот на АЕК. Информации за регионалното намалување на цените за 73 проценти за минута разговор во роаминг и за 90 проценти на мегабајт интернет од Македонија кон Србија, БиХ и Црна Гора од вчера стапи во сила. Создаденибиле услови да се надмине проблемот на граѓаните со високи сметки во роаминг при патување во овие соседни држави кое нај изразено беше по летните одмори кога бројот на приговори во АЕК беше голем. Агенцијата за електронски комуникации, според директорот, спроведла повеќе акции да ги превенира случаите и проблемите со приговори од граѓаните за високи телефонски сметки по враќање од странство.Според договорот што стапи во сила вчера, за минута појдовен повик се наплаќа по 17,9 денари, а за дојдовен по пет денари. СМС-порака може да се испраќа а 5,6 денари, а мегабајт интернет чини 43,2 денари. Цените се без пресметан ДДВ, а ќе важат до 30 јуни следната година по што ќе следи ново намалување. Оттогаш минута разговор треба да се наплаќа за 14,8 денари, СМС-порака 4,92 денари, а мегабајт интернет 27,8 денари. Од 1 јули 2017, пак, минута разговор треба да чини 11,6 денари, цената на СМС-пораката да се намали на 3,7 денари, а на интернетот до 12,3 денари за мегабајт.Спогодбата меѓу четирите држави е отворена. За приклучување кон неа, како што информираат од АЕК, веќе се преговарало со Албанија, Турција и Косово.Регулаторното тело им укажува да се информираат за цените и условите на нивниот оператор за користење роаминг пред да заминат на пат, како и за начинот на тарифирање на секоја од услугите. Секогаш пред да ја напуштат државата да го исклучат преносот на податоци на нивниот телефон и да го вклучуваат по потреба.Да настојуваат да користат повеќе ви-фи мрежи, а ако одлучат да користат интернет што се наплаќа да инсталираат апликација за мерење на трансферот на податоци за да знаат колку навистина потрошиле. АЕК укажува и дека цените за мобилни услуги во странство се разликуваат зависно од избраниот оператор и државата во која се наоѓа корисникот, и оти потрошениот интернет зависи и од содржините што се прегледуваат на телефонот.Во насока на намалување на високите сметки што ги добиваа граѓаните за роаминг-услуги, АЕК воведе задолжителна обврска за операторите да ги информираат корисниците со порака ако надминат сметка од 3.000 денари со прашање дали сакаат да продолжат со сервисот, и ако направат сметка за интернет до 1.000 денари.