Поевтинуваат горивата

0
430
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два, односно денар и половина, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинства за 0,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Литар Еуросупер БС 95, чија цена се намалува за два денара, ќе се продава за 61 денар, а Еуросупер БЦ 98, каде намалувањето е 1,5 денари, ќе чини 63 денари.
Новата цена на Еуродизелот е 49 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство  37,50 денари. За 1,125 денари поскапува килограм мазут  М – 1  НС  и ќе чини 22,913  денари.
РКЕ изврши корекција на цената на нафтените деривати врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и курсот на доларот.
Намалувањето на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 1,41 процент, односно за 0,81 процент.