Поевтинуваат горивата

0
346

Малопродажните цени на бензините се намалуваат за еден денар по литар, додека цената на дизелот и на екстралесното се намалува за половина денар, одлучи  Регулаторната комисија за енергетика.

 

Согласно одлуката, литар еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ ќе се продава по 70,5 денари, додека литар еуросупер БС-98 по 72,5 денари.

Новата цена на еуродизелот изнесува 53 денари за еден литар, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 41,5 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,627 ден/кг, со што новата цената изнесува 25,691 денари за еден килограм.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 56,587 долари/барел и е за 3,46 отсто пониска од просечната цена по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

 

Курсот на денарот во однос на доларот во наведениот период изнесуваше 56,1500 ден/за долар и е за 0,879 % повисок од курсот по кој беа формирани цените.

 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетодневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 5,73 отсто, кај дизелот намалување во просек за околу 4,34 отсто и кај мазутот намалување во просек за околу 5,75 отсто, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување, се вели во образложението на регулаторите. /крај/

Без коментари

LEAVE A REPLY