Поголеми буџети за регионите со измените на законот

0
1924

Постојниот систем на финансирање за тековно работење на 8 центри за равој на планските региони утврден со Законот за рамномерен регинален развој во досегашниот период во недоволна мера овозможи нивно непречено функционирање поради континуиран недостаток на финансиски средства. Подготовката и имплементацијата на програмите кои имаат развојни компоненти од значење за рамномерниот регионален развој недоволно се координирани за бидат во функција на рамномерниот регионален развој. Ова е објаснувањето заради кое се предлагаат измени и дополнувања на законот за рамномерен регионален развој. Целта е воспоставување одржлив систем на финансирање на работата на центрите за развој на планските региони. Во последните години беше забележителен диспаритет меѓу регионите.Macedonia_administrative_divisions_-_mk_-_monochrome.svg_

-За разлика од претходниот период, таа разлика во регионите е намалена. Скопскиот регион е водечки, но Пелагонискиот, Струмичкиот регион имаат забрзан развој. На овој начин со измените ќе се зголемат и буџетите. Покрај намалување на разликата, ќе добиеме и одржливи центри, изјави Љупчо Пренџов, заменик министер за локална самоуправа.prengov

Предлог законот за изменување и дополнување на законот за рамномерен регионален развој помина на првото читање во Собраниската комисија.