Поголемо заладување наредната недела?

0
353

Во деновите кои што се пред нас, се до вторник, ќе имаме релативно топло време, иако за волја на вистината, сме имале и години со далеку потопло време во истиов период. Температурниот максимум овие денови ќе се „држи“ до вредности околу 22°С во повардарскиот регион, и од 17°С до 20°С низ котлините во останатиот дел од земјава.

Во однос на времето во овој период, недела и понеделник, рано наутро, и двата дена, особено во недела, ќе има услови за појава на ниска облачност / слаба магла низ одделни котлини. Истата ќе се расчисти во текот на претпладневните часови. Попладнeто и двата дена ќе биде релативно сончево.

Вторник ќе биде пооблачен, а се очекуваат и повремени и слаби врнежи од дожд, но од локален карактер. Во однос на понеделник, температурата ќе биде пониска за околу 4°С.

Повремени врнежи се очекуваат и во среда, повторно слаби и локални. Генерално облачно време се очекува низ земјата. Среда носи уште еден пад на температурата, за околу 4°С во однос на вторник. Со тоа, во среда максималната температура низ котлините ќе има вредност околу 14°С, со услови да биде малку потопло на југоисток, околу 17°С, пишува Метеопро.