Покренати обвиненија против напаѓачот на Менхент

0
180

Покренати обвиненија за тероризам против 29 годишниот имигрант од Узбекистан, Сајфул Саипов, осомничен за смртта на осум лица на Менхетн.

Обвиненијата против Саипов се покренати за пружање материјална поддршка и ресурси на странска терористичка организација, за насилство и уништување со моторно возило.

Обвинетиот призна дека за извршување на терористичкиот акт бил инспириран од видео снимки на Исламска држава и не случајно го избрал како датум „Ноќта на вештерките“, очекувајќи повеќе луѓе на улиците, по што планирал да продолжи кон Бруклински мост.

Американската полиција и Федералното истражно биро објавија дека трагаат по уште еден Узбекистанец, поради негова вмешаност во нападот. Имено, се работи за 32-годишниот Мухамдзоир Кадиров, од кого ФБИ веќе објави фотографија.