Покренато обвинение за инцидентите во кумановската „Дива населба“

0
1329

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по седум месеци поднесе обвинение за осомничените за инцидентите што се случија во мај годинава во кумановската „Дива населба“.

„Врз основа на досегашните докази од истрагата во врска со кумановските настани од 9 и 10 мај годинава, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе обвинение против 29 лица. Обвинетите се товарат за сторени кривични дела „Терористичка организација” од чл. 394 – а и „Тероризам” од чл. 394 -б од Кривичниот законик. Надлежниот обвинител во исто време достави и Предлог за продолжување на мерката – Притвор за обвинетите“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Во престрелките во Куманово кои траеја два дена загинаа осум припадници на македонската полиција, десет припадници на вооружената група, а потоа беа уапсени околу 30-тина лица под сомнение дека се дел од вооружената група./крај/мф