Пол-позицијата во Австралија за Луис Хамилтон

0
456

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ќе стартува од пол-позицијата на стартот на новата сезона во Формула 1 шампионатот. Тој беше најбрз во последните 90 секунди од квалификациите и успеа да го остави зад себе својот тимски колега Нико Розберг, обезбедувајќи ја својата јубилејната 50 пол-позиција во кариерата.

Возачите на Ферари, Фетел и Раиконен, не успеаја да се пробијат до стартните две места, па утре ќе ги видиме зад пилотите на Мерцедес, од третото и четвртото стартно место.

Одличното петто стартно место во квалификациите го обезбеди младиот Макс Верстапен од Торо Росо, кој успеа да оствари подобро време од Бразилецот Фелипе Маса, кој со Вилијамс се проби до шестата стартна позиција. Во првите осум место имаше и за Карлос Саинц од Торо Росо и Даниел Рикиардо од Ред Бул. Првата трка од новата сезона стартува утре изутрина во 7 часот по средноевропско време.

Без коментари

LEAVE A REPLY