Пола век постојат прв пат добија донација

0
434

Мандолинскиот оркестар кој е дел од КУД Стив Наумов постои од 1950 год. диригентот на оркестарот вели дека досега не добиле донација во опрема.  Денеска Ротари Клубот-Широк Сокак му додели 15 мандолини и мандоли како донација од средствата кој што ги добиле преку проектот ” од музика за музика “.

profesor

-Оваа донација за нас значи многу, прв пат се случува мандолинскиот оркестар да добие инструменти кои се многу квалитетни. Изработени се во Скопје од обичен мајстор. И тоа за нас претставува стимул за поактивна работа. Да спомнам дека отако е формиран мандолинскиот оркестар не сме добиле никаква опрема. Им се заблагодарувам на Ротари клубот-Широк Сокак , и во име на целиот мандолински оркестар, изјави Нико Наумов- диригент на мандолинскиот оркестар при КУД Стив Наумов

 

Без коментари

LEAVE A REPLY