Политичарите да го исполнат договореното пред изборите

0
300

Заедно со Европската унија работиме на исполнување на тоа што политичките партии го договорија во јули, а го дополнија во август. Работиме на тоа, да осигураме дека договореното ќе биде исполнето во пресрет на изборите –порача американскиот амбасадор Џес Бејли во Штип на свеченоста за доаѓањето на новата група од 50 волонтери на Мировниот корпус. Според Бејли до изборите сеуште има отворени прашања кои зависат од одлуките на  политичките партии и од граѓаните.