Политичарите расправаа за ФК Пелистер

0
1952

На денешната седница на Советот на општина Битола како прва точка на дневниот ред се најде барањето за раскинување на договорот меѓу Цермат и Општина Битола. Во барањето Цермат ги наведува причините дека бара раскинување на договорот бидејќи  и покрај финансиските вложувања во клубот , истиот  не успеал во континуитет да постигнува позитивни резултати, со кои тие како доминантни сопственици би биле задоволни со нивниот резултат. Доколку општина Битола до 15.06.2016 не ги преземе во сопственост 188 те акции или врз основа на согласноста за пренос тоа не го стори друго физичко или правно лице, од тој момент натаму Цермат не носи никаква одговорност. Пред почетокот на седницата и власта и опозицијата со свој став.

Седницата започна со жестока расправа меѓу власта и опозицијата. Од опозицијата обвинуваа дека две години не знаеле за каков договор станува збор, а истиот го добиле пред неколку дена, иако постојано во тие изминати две години барале да им биде даден на увид договорот.

Златко Милошовски во своето излагање потенцираше дека вашно е Советот на општина Битола да направи нешто за да го издигне Пелистер погоре во табелата и како да се најдат потребните финансиски средства за тоа.

Седницата беше прекината во 12.45, а истата продолжи во попладневните часови.

Попладнево мнозинстото гласаше за барањето.