Политичарите треба да сфатат што сакаат граѓаните и тоа да го спроведуваат

0
253

Комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, е во официјална посета на Белград, каде што се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Одговарајќи на прашањата на новинарите што мисли за провокативната реторика што доаѓа од Приштина во пресрет на изборите во Косово и продолжувањето на дијалогот Белград – Приштина, Јоханес Хан изјави дека не сака да навлегува во изјавите на политичарите од Приштина, но генерално ги смета за предизборна реторика.Наместо тоа, тој рече дека сите граѓани од регионот имаат силен интерес за членство во ЕУ.

„Обичните граѓани сакаат мир и стабилност и тоа може да се постигне само со членство во ЕУ. Политичарите треба да сфатат што сакаат граѓаните и тоа да го спроведуваат”, рече Хан.

Вучиќ, сепак, не се согласи со Хан. Според него, заканите што доаѓаат од приштинската страна не ги смета за предизборна реторика.

„Загрижуваат изјавите што значат закана за опстанокот на српскиот народ а поминуваат неказнети. Да зборувавме ние како Приштина, да се заканувавме со насилство, сигурен сум дека досега ќе беа издадени стотици соопштенија и извештаи за предупредување за Србија” , рече Вучиќ.