Политичката криза да се реши

0
550
Заврши НАТО Самитот во Варшава. Иако Македонија не беше тема на разговор, таа сепак се најде на агендата на Алијансата. Лидерите на земјите членки порачаа, политичката криза во Македонија ја оддалечува земјата од сојузот.
Со оглед на загриженоста во врска со политичките случувања во Македонија кои ја оддалечија земјата од вредностите на НАТО, ги повикуваме сите политички лидери во земјата целосно да ги имплементираат своите обврски од договорот од Пржино, како рамка за оддржливо решение на политичката криза. Признавајќи ги првичните чекори кој имплементација, го обновуваме нашиот повик до сите страни да се вклучат во ефикасен демократски дијалог и  да се создадат услови за веродостојни избори, зајакнување на владеењето на правото, слобода на медиумите и независност на судството.
Лидерите на Алијансата соопштија дека ќе продолжат внимателно да го следат напредокот  на земјата и го повторија заклучокот од НАТО Самитот кој се оддржа во Букурешт. Македонија ќе добие покана за членство кога ќе го реши проблемот со името со Грција. Меѓудругото, тие ги охрабрија двете земји да развијат добри соседски односи.
Ја повторуваме нашата одлука донесена на самитот во Букурешт во 2008 година и која ја повторивме и на следниот самит. НАТО ќе ја прошири покана за Македонија за влез во Алијансата веднаш штом ќе се пронајде заемно прифатливо решение за прашањето за името и е постигнат договор во рамките на Обединетите Нации. Затоа повикуваме на интензивирање на напорите за изнаоѓање на решение за прашањето за името.
Свое обраќање на Самитот имаше и  министерот за одбрана Зоран Јолевски кој порача дека Република Македонија е целосно подготвена за интеграција во НАТО. Според Јолевски, Македонија има капацитет да ги преземеме сите обврски и одговорности за да придонесе за сигурноста и стабилноста на Балканот и Евро – атлантската област и дека инвестицијата во НАТО ќе ги зацврсти мирот и стабилноста.
Во контекст на НАТО за нас има само еден исход – полноправно членство. Се друго е во рамки на традиционалната соработка и партнерство. На нас останува да се соочиме со предизвиците како што сме правеле во многу наврати досега. Ова е пораката на министерот за надворешни работи Никола Попоски по завршување на НАТО Самит во Варшава. Попоски во своето обраќање го нагласи придонесот на Република Македонија во рамките на НАТО Мисијата во Авганистан, каде нашата земја учествува веќе 14 години.