Политичката криза ќе го намали растот на 1,6%

0
352

НБРМ со две сценира за домашната економија. Доколку продолжи политичката криза еконосмкиот раст годинава ќе биде 1,6 %,  ќе се намалат инвестциите и потрошувачката, но и кредитната активност ќе забави – ова е алтернативното сценарио, кое според гуверенерот Димитар Богов е и реално.

Основното предвидува за годинава  раст од 3,5 % .
„Како што стојат работите сега може да се покаже дека алтернативното сценарио е реално, рече Богов и додаде дека доколку дојде до смирување на состојбата пред крајот на годината остварувањата би биле некаде помеѓу основното и алтернативното сценарио.“  Димитар Богов, гуверенр на НБРМ
По заострувањето на монеатрната политика, сега НБРМ најави и нови дополнителни мерки. Ја зголеми стапката на задолжителната резерва од 20 на 50 % за девизните  депозити на компаните, а ги зголеми каматие што ќе им ги  плаќа на банките за девизните депозити во НБРМ.
По  априлското зголемување на побарувачката на  девизи и повлекување на депозити , сега од НБРМ информираат дека состојбата е стабилизирана. Доколку дојде до нови нарушувања, ќе следуваат и нови мерки.