Политичката криза трае долго, преговорите треба да продолжат веднаш

0
338
Политичката криза во земјава трае премногу долго. Нема време за чекање, преговорите треба да продолжат веднаш, ЕУ е тука да помогне.
Ова беше пораката на  евроамбасадорот Аиво Орав на ЕУ појадокот по повод денот на Европа кој беше организиран од Секретаријатот за европски прашања.
На појадокот меѓу присутните беа и американскиот амбасадор Џес Бејли, евродипломати, странски и домашни политичари кои вешто ги избегнаа камерите и не сакаа да ја коментираат актуелната политичка криза.