Политичката криза во Македонија се влошува

0
653

Во последниот извештај на Меѓународната кризна група, Македонија се најде во друштво на земји како Ирак и Сирија во кои беснее војна. Загриженост дека состојбата во земјата се влошува.

Политичката криза во Македонија се влошува, предизвикувајќи широки домашни и меѓународни критики и повеќедневни протести, оценува Меѓународната кризна група во месечниот извештај за мај.

Извештајот ги нотира случувањата изминатиот месец, набројувајќи ги настаните кои влијаеле врз оценката.

„Опозициските Социјалдемократи најавија бојкот на изборите закажани за 5 јуни, додека одлуката на претседателот Иванов да ги амнестира сите политичари соочени со истраги за кривични дела, ја поткопа работата на Специјалното обвинителство кое имаше задача да ги истражува сомневањата за нелегално прислушкување“, наведува МКГ.