Политички преговори за излез од кризата

0
1002

Аболицијата и механизмот за повторно свикување на Собранието и понатаму двете клучни прашања за кои тимовите на лидерката четворка и денеска ќе се обидат да се најдат на половина пат, јавува телевизијата 24 вести.

Поместување засега нема, но според дел од преговарачите можно е вечерва придвижување во однос на повлекување на аболицијата, иако не откриваат детали на што се должи оптимизмот. Истите извори велат потоа полесно би одело договарањето  за механизмот околу свикување на собранието, како и за новиот датум на изборите и кој би требало да ги спроведе, гагаранциите за новите рокови.
Клучното прашање околу кое викендов се кршеа копјата-беше токму општата аболиција, се дискутира за повлече опции како би се повлекла, но и преговарачите според партиски извори се на различни ставови околу тоа дали повлекувањето треба да важи за сите или пак само за оние што ја одбија аболицијата од шефот на државата.
Опциите кои како можни се разгледуваат се Уставниот суд да ја укине одлуката, повикувајќи се на непостојниот член 11 д законот за аболицијата, потоа законски преку Собранието, преку автентично толкување, како и преку управна постапка.
Од друга страна повеќе опци на маса се и за начинот на кој спикерот Велјаноски ќе го свика Собранието да ги одложи изборите – најсериозно е игра за можноста за Уставен суд да ја укине одлуката за одложено распуштање, но и се отвора и можноста за членовите на ДИК да поднесат оставки, што би значело дека Собранието би морало да се состане.
Во однос на понатамошното делување дел од опциите е пакетот Влада на широка коалиција со нови рокови и гаранции за исполнување на условите и условен датум за избори – односно колку би имало пролонгирање на еден рок, толку да се поместат сите рокови, секако на маса е и фикесен термин за 4 одлагање за 4 месеци, но и редовниот термин во 2018-та.
Официјално од партиите и денеска ги повторуваат своите позиции и услови. Од ДУИ пак нова порака- лидерите да покажат политичка волја.
Вечерва на полноќ истекува рокот за пријавување на гласачи од дијаспората-избори таму извесно е дека нема да има, и ако случајно некој гласа во Македонија на 5 јуни, бидејќи не се пријавиле доволен број гласачи. Утре пак на полноќ истекува рокот за поднесување на кандидатски листи во земјава.

Без коментари

LEAVE A REPLY