Политички реакции во Битола

0
733

„ ВМРО-ДПМНЕ се обидува преку притисок врз судството да до одбрани криминалот во сопствените редови. Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ, по судската одлука за домашен притвор за Талески, осомничен за злоупотреба на 360.000 евра, го покажува стравот и паниката што владеат во нивните редови од соочување со одговорноста. Народот преку “Вистината за Македонија” слушна какво мислење имаат сопартијците за Владимир Талески, актуелниот пратеник Зоран Илиоски, како и поранешниот министер Зоран Ставревски. За апсурдот да биде уште поголем прв кој се стави во негова одбрана беше токму Зоран Илиоски, човекот кој велеше дека Талески не направил апсолутно ништо во неговиот мандат. Дали е тоа така токму поради фактот што Зоран Илиоски по предлог на Владимир Талески 2 пати беше дирекор на ЈП “Водовод”? Дали е така можеби поради фактот што додека беше директор во ова претпријатие го вработи својот брат? ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да се помири со тоа дека правдата ќе го стигне секој кој се огрешил пред законот, секој кој работел против интересот на граѓаните.Но правда ќе има. Тоа важи и за Владимир Талески кој итно треба да си поднесе оставка за да може општина Битола да работи во интерес на граѓаните.Граѓаните очекуваат законите и правдата да важат за сите подеднакво, Оттука, надлежните органи и битолската полиција треба да дадат одговор на прашањето дали Талески конечно го доби решението за куќен притвор?“ рече Наташа Петровска советник од СДСМ.

„ Циркузијадата која СДСМ ја приредува на сопствената држава продолжува и понатаму.СДСМ бессрамно и лицемерно на секој можен и неможен начин се обидува да ги дестабилизира државата, градовите и секојдневното живеење на граѓаните. Почитувани опозиционери рејтингот и довербата кај граѓаните нема да ви се врати, со деструктивни политики со помош на СЈО и по секоја цена дури и по цена на правната држава. Наспроти ова го имате Зоран Заев кој е единствен криминалец во Македонија на кого му беше простен криминал тежок 8 милиони евра. Дека аршините на Вашите политички инструменти се различни говори и информацијата што излезе во јавноста дека во другите општини цената што се плаќа за ученички превоз каде што градоначалници се луѓе од СДСМ на чело со општината Струмица, се повисоки од оние што се плаќале во Битола. За Талевски се изрече мерка домашен притвор, а за некои други како што е Зоран Заев кој кажа дека ниту го признава судството, ниту ќе се појавува на рочишта, нема ништо тие луѓе се на слобода за нив нема куќен притвор и се е во ред во нивното работење иако плаќаат дупла цена за превозот. Ова е само уште еден нивни очаен обид, да се оцрни не само Талески како Градоначалник на една од поголемите општини, ова е обид за политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ, и да се приграби и дојде на власт на било каков друг начин, само не преку избори, зашто се плашат и самите се свесни за нивниот низок рејтинг“ изјави  Соња Карапашова,  советник од ВМРО-ДПМНЕ.