Политички ставови за продажбата на офицерскиот дом

0
831

– Сведоци сме дека оваа власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на централно и на локално ниво се дрзна да го даде Офицерски Дом на продажба. СДСМ е против тоа. Постојат многу начини битолчани го заслужуваат тоа Офицерски Дом да остане на битолчани а оваа власт да се погрижи со сите свои можности и на локално и на централно ниво да се изврши реконструкција на истиот, бидејќи битолчани заслужуваат да ги сочуваат своите спомени во него и да продолжат да ги негуваат своите идни моменти токму во него. Нема оправдување! Оваа власт потроши 560 милиони народни пари за проектот 2014 та , а каде е во сето тоа Битола? Зошто битолчани не заслужија 1 до 2 милиони да бидат издвоени за овај град, за нашиот бидер на архитектурата, со кој што битолчани се емотивно врзани и навистина не заслужуваат ваков третман, изјави Наташа Петровска советник од СДСМ

natasa

-Целта на битолчани е тој објект да биде убав во својата архиктетура, тој ќе биде наш , бидејќи условите за продажба ќе бидат долниот спрат од домот да биде сопственост на Општина Битола, целта е да имаме објект со кој што сите ќе се гордееме. Таму има еден руиниран објект кој што го нагрдува изгледот на Битола и согласност ДУП се претпоставува дека ќе се направи целина, која што ќе го разубави градот. Општината вложуваше пари, во 2010 година го наследи во катастрофална состојба.silvana

 

Прво го реновираше паркетот, го корегира кровот, ја смени дограмата итн. Ако не се одржува толкав објект ќе биде проблем. Објектот е под прво ниво на заштита, така што никој нема право да го руши и да го менува неговиот изглед, изјави Силвана Ангелевска, претседател на Совет на Општина Битола