Политичките партии да работат заедно и да обезбедат кредибилни избори

0
363

Политичките партии мора да работат заедно за да обезбедат кредибилни избори во интерес на граѓаните и земјата, изјави во четвртокот вечерта високата претставничка на Европската комисија (ЕК) за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини по телефонскиот разговор со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Во овој поглед, имплементацијата на политичките договори, вклучувајќи ги итните реформски приоритети, е од огромно значење. Заедно со САД, колективно ги поддржуваме сите партии и актери во овие напори и ќе продолжиме тоа да го правиме во наредниот важен период. Ги повикуваме сите партии да останат целосно посветени на договорениот процес“, порача Могерини.

Изјавата од страна на високата претставничка на ЕК доаѓа еден ден откако претседателот на СДСМ најави дека неговата партија нема да учествува на предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 5-ти јуни, а како причина за ова Заев го наведе според него неисполнувањето на клучните точки од Пржинскиот договор./крај/мф/бс

Без коментари

LEAVE A REPLY