Политиката да не се меша со елементарните непогоди, вели Ѓероски

0
755

-ЈП Стрежево овој период се соочува со големи проблеми, предизвикани од елементарна непогода која се случи на почетокот на годината, која предизвика појава на неколку свлечишта, со кои во моментот се соочуваме. Во моментот работиме на две свлечишта, а на останатите 6 изработуваме предпроектни активности, основни проекти. Приодот за решавање на оваа проблематика е доста сериозен заради тоа што доводниот канал е единствена алтернатива која во летно време го снабдува градот со вода, но и индустријата. Препораката е да бидеме внимателни до пуштањето на водата, да не го преоптоваруваме каналот затоа што тоа може да предизвика дополнителна хаварија. Денес количината на вода која ја испуштаме е околу 5,5 метар кубен во секунда, а за да ги задоволиме потребите вклучувајќи ги и земјоделците, потребно е 8,5 до 9 метри кубни во секунда. Очекуваме до четврток да изведеме дренажни активности кои ќе ни овозможат да го зајакнеме протокот и да дојдеме до 7 до 7,5 метри кубни во секунда. Наводнуваме во турнуси, сега наводнуваме во селата Кравари, Бистрица, Лажец, Меџитлија, Оптичари, Егри, Кременица. После тоа, од среда, тежиштето го префрламе на страната кон Кукуречани, Могила, Карамани, Долно Оризари, Логоварди. Земајќи ја предвид ситуацијата, апелираме политиката да биде настрана од оваа работа, бидејќи се преземаат максимални активности да се справиме со ситуацијата. Во моментот не се констатирани штети, допрва ќе видиме, имаме тим на агрономи кои по секоја пријава на земјоделците ќе излегуваат на терен. Санирањето е подолг процес кој ќе трае оваа и наредната година, изјави Марјан Ѓероски, директор на ЈП Стрежево.

Без коментари

LEAVE A REPLY