Полицаец и инспектор барале поткуп од мигранти

0
145

Полицаец и инспектор од Гевгелија им побарале 450 евра на сириски државјани за да им изготват барање за азил кое според најновите измени на законот е бесплатно.

Со посредник, телефонски се договориле полицајците да ги земат грчките обрасци на 30 мигранти од Сирија и да им ги направат барањата за азил. Во тој момент на лице место биле фатени од началникот на полициската станица кој пријавил во внатрешна контрола на МВР, при што во соработка со јавно обвинителство им се поднесени соодветни кривични пријави