Полицаец убиен со бомба пред украинскиот парламент, над 100 ранети

0
158

Неколку десетици лица биле ранети во експлозија пред зградата на украинскиот парламент во Киев при судир меѓу полицијата и демонстрантите незадоволни од предложувањето на нацртот на спорниот закон со кој прорускиот исток ќе добие поголема автономија.

Неколку лица облеани со крв, меѓу кои имало и полицајци и, по сѐ изгледа и новинар, лежеле на земјата пред зградата на парламентот, известил новинарот на Франс прес откако одекнала силна експлозија. Еден полицаец останал без нога, јавува агенцијата Интерфакс.

Сведоците на самото место кажале дека не станувало збор само за експлозија, бидејќи шрапнелите оштетиле прозорци до вториот кат на парламентот. Украинското министерство за внатрешни работи објавило дека станувало збор за рачна бомба.

Би-би-си, повикувајќи се на извори од украинската полиција, пренесува дека еден полицаец загинал во судирите, а повредени биле над 100 лица. „Војник на Националната гарда им подлегнал на повредите откако бил погоден во срцето“, потврдил Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи.

Ројтерс, пак, јавува дека најмалку четворица припадници на Националната гарда се потешко ранети. „Речиси 90 луѓе се ранети пред зградата на парламентот, меѓу нив неколку се во многу тешка состојба“, напишал на својата фејсбук-страница министерот за внатрешни работи Арсен Аваков.

Експлозивната направа и според полицијата и според Националната гарда долетала од групата националистички демонстранти собрани пред парламентот. Одржувачите на мирот демонстрантите ги гаѓале и со петарди, и со Молотови коктели.