Полицаец убил возач во Свети Николе во самоодбрана

0
283

Полицаец убил возач во Свети Николе во понеделникот вечерта во самоодбрана, соопштуваат од Основното јавно обвинителство Штип.

Според информациите од Обвинителството, полицаецот кој бил на службена должност забележал автомобил „лада“ кое се движело со голема брзина, а пред него се движел велосипед.

Возачот на „ладата“ бил лут бидејќи велосипедот се движел пред него и му пречел. Го запрел возилото и почнал да се кара и тепа со велосипедистот.

Полицаецот ги разделил и се обидел да го легитимира возачот. Но, тој почнал да го тегне и да го турка полицаецот, а потоа седнал во возилото, го фатил полицаецот за рака и го влечел со автомобилот десетина метри на патот. Од брзината на движењето полицаецот паднал на патот.

Триесетгодишниот светиникочанец продолжил да се движи со автомобилот, вртел полукруг и два пати се враќал за да го прегази полицаецот.

При вториот обид да го прегази, полицаецот во полуседечка положба извадил огнено оружје и пукал во возачот. Возачот починал на лице место.

Надлежен обвинител продолжува со истражните дејствија со цел да се утврдат фактите и доказите во предметот и работи на расветлување на причините за употребата на огненото оружје од страна на полицаецот./крај/ффс