Полицијата фрли солзавец, демонстрантите разбиени

0
202

Протестите на опозицијата во Подгорица пред половина час ескалираа. Полицијата фрли солзавец врз демонстрантите кои протестираа против владата на Мило Ѓукановиќ.

Протестантите пред Собранието на Црна Гора фрлаа петарди и факели со извиците „Нема повеќе чекање“ по што на улиците на градот излезе и специјалната полиција и демонстрантите беа растерани.

Претходно пратениците на опозицијата ја повикаа полицијата да ги тргне кордоните за да можат да влезат во Собранието.